Волонтерите во градинката „Јасна Ристеска“ ќе добијат статус на времено вработени. Директорката објаснува дека сите воспитувачки имаат соодветно образование, а дел од негователките не се со соодветно образование, но тоа им го дозволуваат измените на Законот за заштита на децата кои биле направени минатата година како и законот за јавни службеници.
Започна решавањето на статусот на волонтерите во градинката „Јасна Ристеска“. Директорката Розе Костоска вели дека од септември минатата година за потребите на оваа детска установа биле ангажирани 30 работници преку агенцијата за времени вработувања. Откога во јануари агенцијата ја изгубила лиценцата и згаснала работниците биле ангажирани на волонтерска основа. Од вчера започна постапката за повторно нивно времено вработување.
–Ние имаме реална потреба од овие работници, дури и за повеќе од оваа бројка, но средствата моментално се тие па дел од волонтерите ќе бидат ангажирани преку агенцијата за вработување а дел ќе се вработата преку акцијата на македонски шуми, вели Костоска.
Костоска објаснува дека сите воспитувачки имаат соодветно образование, а дел од негователките не се со соодветно образование но тоа им го дозволуваат измените на Законот за заштита на децата кои биле направени минатата година како и законот за јавни службеници. Според нив негователка може да биде секој кој има завршено четиригодишно средно образование.
–Навистина во градинката има негователки со најразлично средно образование но услов за обавување на нивната дејност беше да имаат лиценца за тоа и тоа најдоцна до 31 јули оваа година. Една голема група полагаше во февруари и ги доби лиценците, неколку полагаа вчера, вели Костоска
Директорката кажува дека доколку некоја од негователките не добие лиценца до 31 јули оваа година нема право да ја извршува оваа дејност. Но додава дека тоа нема да биде случај во оваа детска градинка бидејќи 90% од негователките се здобиле со овој документ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град