Статичните велосипеди тешко опстојуваат покрај Охриѓани. Сериозни оштетувања и делови кои недостигаат, можеби утре и целосно ќе ги снема.
Уште кога беше најавено поставувањето на статичните велосипеди тие предизвикаа огромен интерес кај Охриѓани. Иако велосипедите требаше првично да ги привлекуваат холандските туристи, многу почести посетители беа Охриѓани. Нивното поставување уште во Март месец го најави амбасадорката на Кралството Холандија, Симоне Филипини како дел од холандскиот парк кој заедно со споменикот на писателот Ден Долаард требаше да потсетува на Холандија, земјата која го обожува велосипедизмот. За жал сликата говори нешто сосема друго.
Се чини дека статичните велосипеди веќе почнаа и да ја губат својата статичност бидејќи несовесни граѓани кој знае каде ги однеле деловите кои недостасуваат од овие велосипеди. На кого му сметаат велосипедите кога не зафаќаат ни некој голем простор? Можеби лицата виновни за нивното уништување не се некои љубители на спортот и рекреацијата или можеби им биле потребни педалите за нивните велосипеди, кој знае? Единствено што е очигледно за жал е недостигот на култура и почитување на добрата кои што се од општ интерес за сите нас.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град