Утре во 17 часот, почнува првиот историски фестивал, „Средновековен Охрид“.
Утре во 17 часот, почнува првиот историски фестивал, „Средновековен Охрид“.
Во текот на четирите фестивалски денови, средновековниот базар ќе биде отворен од 9.30 до 15.30 и попладне од 17. 30 до 23.30 часот.
„Посетителите не само што ќе може да купуваат занаетчиски производи, туку ќе може и самите да се вклучат во изработката. Ќе биде доделена и награда Чувар на традицијата“, вели Јасмина Пакашки задолжена за односи за јавност.
Предвидени се голем број настапи на музички групи, хорови и солисти, меѓу кои се „Баклава“ и Гиш како и ренесансни танци од групи од Дубровник- Хрватска. Настапите ќе бидат на отворено и на повеќе градски локалитети. Во неколку ресторани ќе има специјална гастрономска програма, а ќе се дегустира и вино.
Во вечерните часови учесниците заедно со посетителите ќе прават прошетка низ улиците на стариот дел од градот под факели.
Организаторите ќе го доловуваат средновековието, времето кога Охрид бил престолнина на Самоиловата држава.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град