Во охридските училишта околу 500 првачиња и 800 средношколци во прва година денеска, заедно со другите ученици, ја почнаа новата учебна година.
Во охридските училишта околу 500 првачиња и 800 средношколци во прва година денеска, заедно со другите ученици, ја почнаа новата учебна година.
Најмалите основци се радуваа на првиот училишен ден и повторната средба со своите другарчиња. Во основното училиште „Григор Прличев“ за 112 –те првачиња беше подготвена и свечена програма со која се одбележа првиот училишен ден.
На првачињата им се обрати и градоначалникот Александар Петрески. Таткото на градот Петрески им порача на првачињата да бидат добри ученици и да се борат за подобро учење и совладување на училишниот материјал. Годинава најмногу првачиња има во ОУ „Христо Узунов“ – 122, „Григор Прличев“ – 112, „Братство-единство“ – 85. Најмалку првачиња ќе седнат во училишните клупи во ОУ „Свети Наум Охридски“ во Пештани – 17 и ОУ „Свети Климент Охридски“ -27.
Во училиштата на подрачјето на Дебрца бројот на првачињата е 22. Во учебната 2009/10 година наставата во основните училишта ќе ја следат околу 5.500 ученици, а во трите средношколски центри во Охрид околу 2.900.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град