Стартува летниот режим на сообраќај

Од локалната ги објвија улиците по кои летово ќе има промена на движењето на моторните возила.

 |  Крсте Голабовски  | 
znak
знак

Граѓаните признаваат дека летниот режим на сообраќај иако не им е во полза на сите, сепак придонесува за растеретување на сообраќајот во стариот дел на Охрид.

raskrsnicaОд среда 01 јули стапува на сила Одлуката  за изменување на одлуката за организирање на режимот на сообраќај во општина Охрид, која советниците ја изгласаа на последната седница на совет.

Со промената на сообраќајниот режим, на улиците Илинденска, Коста Абраш и Цар Самоил се забранува  секаков моторен сообраќај од 20,00 до 05,00 часот. Сматаме дека со промената на сообраќајниот режим во голема мера ќе се ублажи гужвата која се создава во стаиот дел од градот, вечи Шикалески. Тој признава дека локалната самоуправа одамна размислувала за изготвување на сообраќајна студија, со која во охрид трајно ќе се реши движењето на моторните возила, како и нивното паркирање.

Инаку одлуката за организирање на режимот на сообраќај во општина Охрид, советниците ја изгласаа по низа коментари, предлози и забелешки дека на Охрид му недостасува сообраќајна студија за режим на сообраќај за преку цела година. Ветија дека по завршувањето на летната сезона ќе се направи се за Охрид да се изработи научен стручан елаборат, со кој нашиот град повеќе нема да се соочува со сообраќајни проблеми во сезоната и вон неа. Да се надеваме дека овие зборови нема да бидат само празни ветувања.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top