ЈП Комуналец за шест месеци ќе воведе старателство на гробните места.
Од претпријатието започнаа со имплементирање на измените во Законот за гробишта. Охридски Комуналец е првото јавно претпријатие во земјава кое ќе става ред со гробните места. За таа цел евидентираните граѓани кои имаат гробни места на домашна адреса добиваат известувања. Роднините ќе мора да се договорат кој ќе ја преземе таа обврска зa да нема во иднина хаотична состојба при евентуално нивно повторно користење објаснува директорот Сашо Алчев. За старателите, пак, кои се во странство ќе има дополнителен рок на пријавување додава Алчев.
Старателите на гробните места ќе имаат и обврска. Тие ќе треба да плаќаат извесна сума за одржување. Јавното претпријатие засега ја нема утврдено висината на чинење на таа услуга. Се чека поделбата на Комуналец на две јавни претпријатија , за погребални услуги и градски гробишта.
За гробните споменици, пак, кои нема да имаа старатели од Комуналец тврдат дека во иднина нема да претрпат никаква узурпација. Тие и понатака ќе опстојуваат како споменици, но без можност за повтроно користење вели директорот на комуналец Сашо Алчев.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град