Поројните дождови ги поплавија нивните дворови. Жителите револтирани тврдат дека овој проблем е резултат на неизвршената сепарација на атмосферската од фекалната канализација.
Уште една непроспиена ноќ е зад жителите од улицата Железничка, кои се наоѓаат наспроти некогашната Винарска Визба. Нивните дворови пливаат во вода. Убедени се дека ова е резултат на работите кои се изведуваат на улицата. Тие велат дека откако започнало проширувањето на истата, се јавиле и проблемите. Спасе Андоноски, се сеќава на најголемите поплави од ’63, година, но дури ни тогаш ваков проблем немале.
Спасе додава дека одливот на атмосферската вода порано бил добро решен со стариот систем на одводни канали кои атмосферските води ги спроведувале во реката Сушица. Но сега, со работите кои се во тек, граѓаните велат дека биле затрупани одливите, па сета вода завршува во нивните дворови кои се најниската точка. Молат до сите оние кои се надлежни, сепарацијата да се направи што е можно побрзо, додека водата не навлегла и во нивните домови.
Изведувач на работите на „Железничка“, е „Alpinebau GMbH“ подружница Скопје, додека како подизведувач се јавува градежно претпријатие „Илинден“. Директорот на ова претпријатие Раде Трајкоски, за ТВМ Телевизија изјави дека проблемот на улицата „Железничка” со сепарацијата на атмосферската од фекалната канализаиција не е нов и дека се свесни за него, но во догледно време не можат ништо да направат околу тоа. Причина за ваквата ситуација се временските неприлики, вели Трајкоски.
{loadposition content}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град