Старото Климентово училиште наскоро ќе добие нов сјај

Овој значаен историски објект кој всушност претставуваше музејска зграда на музејот на словенска писменост, со постапка за денационализација го доби МПЦ. Старото Климентово училиште како објект претставува поединечно заштитено културно добро за кое националната установа Завод и музеј од Охрид беше задолжена да изврши санација и адаптација.

 |  Мишел Наумоски  | 
Svetiklimentovo ucilishte
Svetiklimentovo ucilishte

Овој значаен историски објект кој всушност претставуваше музејска зграда на музејот на словенска писменост, со постапка за денационализација го доби МПЦ. Старото Климентово училиште како објект претставува поединечно заштитено културно добро за кое националната установа Завод и музеј од Охрид беше задолжена да изврши санација и адаптација. За таа цел, Завод и музеј изработи проект на кој стручна контрола изврши Националниот конзерваторски центар од Скопје од каде била добиена позитивна оценка за проектот. Поради значајноста на објектот, потребно е да се следат одредени параметри за безбедно извршување на санацијата.

Klimentovo ucilishte„Бидејќи објектот е заштитен како градба од втора категорија, поточно е заштитен како значајно културно наследство, не се дозволени никакви измени на фасадата на објектот, така да и самите гледате дека се врши конзервација и санација на самата фасада и никакви измени не се прават во поглед на фасадата. Додека во внатрешноста на објектот дозволени се минимални измени во поглед на обезбедување на соодветна функција на објектот бидејќи тој ќе биде ревитализиран објект, така да вметнати се санитарни јазли кои што во минатото постоеја само во сутеренскиот дел од објектот, и се вршат одредени преградувања доколку е тоа можно. “рече-Тања Паскали-Бунташеска-Директор на НУ „Завод и музеј“-Охрид

Klimentovo ucilishteИзведувачот на работите за санација и адаптација на Старото Климентово училиште го избра сопственикот на објектот, односно МПЦ. Поради чувствителноста на проектот, секојдневно се вршат конзерваторски и градежни контроли врз самиот објект.

„Негде до крајот на Ноември мислам дека во целост ќе биде завршен објектот. Моментално во завршна фаза е изработката на фасадите на објектот. Интензивно се работи и на внатрешноста во објектот и на неговиот ентериер така да мислам дека за еден месец работите ќе бидат целосно завршени.“-вели директорката Паскали-Бунташеска.

Имено овој објект од поодамна се соочуваше со проблеми со влага, кревање на подови и слични проблеми заради кои зафатите за санација и адаптација на истиот според експертите беа неопходни. И покрај контроверзиите кои го следеа овој проект, директорката на НУ „Завод и музеј“ вели дека при неговата изработка се следени сите позитивни законски прописи, секако во соработка со МПЦ како сопственици на овој објект.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top