Старите занаети непривлечни за младите

На занаетчиските дејности од година в година  им се заканува изумирање. Голем број занаети  веќе се исчезнати, а на поголем дел од нив сериозно им се заканува таа опасност, се жалат занаетчиите.

 |  Валентина Неловска  | 
zanaetcija
занаетчија

zanaetcijaНа занаетчиските дејности од година в година  им се заканува изумирање. Голем број занаети  веќе се исчезнати, а на поголем дел од нив сериозно им се заканува таа опасност, се жалат занаетчиите. За младите луѓе занаетите не се доволно атрактивна професија вели еден од помладите занаетчии  во охридската чаршија кондураџијата Сашо Богоески. Тој кажува дека старите занаети не се привлечни за младите. Најголем интерес за изучување засега се покажува кон  козметиката и фризерството.
Од Министерството за економија пак информираат дека се подготвува стратегија за развој на занаетчиството во земјава за периодот 2012 -2020 година. Државата допрва ќе го спасува занаетчиството. Ќе се поставуваат цели кои во иднина треба да даваат насоки за негов развој нагласува раководителот на секторот за мали и средни претпријатија при ова министерство, Имерали Бафтијари.
Во Охрид се регистрирани околу 150 занаетчии. Многумина од нив реагираат дека немаат доволна соработка со регионалната занаетчиска комора. Велат плаќаме чланарина на еснафот ама немаме  информации за законски измени или усогласувања кои се во тек од страна на министерството за економија. Најчесто за измените дознаваме од медиумите.
Инаку за занаетчиските дејности министерството подготвува неколку законски усогласувања. Се формира посебна Комисија за жалби докоја занаетчиите ќе можат во рок од 8 дена да вложуваат жалби на добиените прекршочни  решенија. Ќе се намалуваат мандатните казни изречени од прекршочната комисија. За занаетчите се укинува  водењето деловна книга, а прекршоците за кој нема да се поведе постапка до 18 месеци ќе се сметаат за застарени.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top