Стари сведоци, нови моменти

Продолжува маратонскиот судски процес за глисерската несреќа.

 |  Голабовски Крсте  | 

Споро, но сигурно, продолжува судскиот процес за глисерската несреќа од пред речиси две години, во која животот го загуби Ирина Романова Муцински. Денес во Основниот суд во Охрид, беа сослушани  четворица сведоци.

Алан Каоу, роднина на обвинетиот Кристијан Шапкар, кој бил во пловилото за време на несреќата, остана на исказот даден пред истражниот судија, дека воедно бил и едниствениот кој останал на пловилото после несреќата и на барање на адвокаттот на обвинетиот потенцираше дека од местото каде се наоѓал не можел да го види влезот во каналот.

Свој исказ пред судот потворно даде и дежурниот полициски службеник Стојан Петкоски. Малку конфузно поради уморот од работа како самиот кажа, Петкоски потврди дека бил првиот полицаец кој со гумен службен глисер на СВР Охрид за 15-на минути, стигнал на местото каде се наоѓале двете пловила. Тој ја потврди претходно дадената изјава дека дека видливоста била намалена, и дека за цело време додека ги нашол пловилата користел рачен рефлектор. Тој информираше, дека пловилата ги нашол на околу двеста метри од плажата „Куба либре“. Додаде дека кога стигнал тука имало уште неколку други пловила, еден друг глисер и скутер.

Пред ОС Охрид денес сведочеше и Др. Трпко Угриноски, специјалист по општа медицина. Др. Угриноски кој не се појави на претходното рочиште, а инаку е матичен доктор на обвинетиот Шапкар, и на сведоците Алан Каоу и Ѓоко Крстевски, сведочеше за тоа што два пати издал  боледување и на обвинетиот и на двајца од сведоците непосредно пред судски претрес. Угриноски со изјава дека не може да влијае на тоа кога некој од неговите пациенти ќе се разболи.
Дека ни оддаелеку не се наѕира крајот на оваа судска драма, зборува и денешното барање на адвокатите и на двете страни. Така Адвокатот на ошететните Татјана Поповски побара пред судот да се појават, Богоја Мангоски и Данаил Шајноски, кои би можеле да посведочат за сигнализацијата на пловилото на сега покојната Муцунска. Адвокатот на обвинетиот, Емил Балабан пак, побара да се набават докази од Комерцијална банка, за извршена наплата од картичката на обвинетитот, како и транскрипт на разговорите на Т-мобајл, направени помеѓу сведокот Каоу и Тодор Ропчев.
Од судот беше отфрлено барањето да се изведат како сведоци Горан Балески или Гоце Стојаноски од Н.Ц „Амфора“, со обаснување дека истражувањата ги направиле по налог на истражен судија. Во несреќата  која се случи на 22.08. 2009 година, настрада Ирина Романова Муцински, додека Кристијан Шапкар заработи кривична пријава за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Христијан Шапкар, се брани со молчење но најави дека ќе отстапи од тоа кога ќе има потреба.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top