Жителите на стариот дел се жалат дека поради ноќните журки не можат да спијат.
Жителите на Стар Град и годинава се жалат дека немаат мирен сон. Од Советот на Урбаната заедница Стар град упатено е писмо до градоначалникот и советот на град Охрид, во кое реагираат дека сопствениците на угостителски објекти не ги почитуваат одлуките и законите. Граѓаните реагираат на бучавата која доаѓала од таканаречената “Ајван плажа” за која пишуваат дека не знаат дали е плажа , кафе барови или ноќни клубови ,но и од бродовите кои возат гости во вечерни прошетки. Граѓаните укажуваат и на поставувањето на жардињери, маси и прегради кому каде ќе му текне, како и на беснеењето на млади луѓе по дејство на алкохол во вечерните часови. Во своето писмо тие предупредуваат на непочитување на работното време на угостителските објекти кои работаат и по 24 часот, точењето на алкохол на малолетници, на неиздавањето на фискални сметки, а предупредуваат дека наслушнале дека се дистрибуира и дрога.
На крајот од својот допис до градоначалникот граѓаните од Стар град апелираат надлежните локални служби и инспекции да воведат ред, со што би се обезвбедил спокоен живот на охриѓани, а сметаат дека во мирен град ќе има и повеќе гости.
„Секоја поплака и сугестија од граѓаните во врска со работното време на угостителските објекти и бучавата, локалната самоуправа сериозно ја разгледува и презема соодветни мерки“, вели секратерот на локалната самоуправа Димитар Спасески. Тој додава дека во локалната се одржале неколку координативни состаноци заедно со СВР Охрид, управата за јавни приходи, пазарната инспекција и со вработените во општинскиот инспекторат надлежни за делот на бучавата.
„Во текот на неколку претходни викенди првземаме сериозни активности на терен. Веќе имаме и конкретни субјекти кои се лоцирани кои го нарушуваат законот во определен дел кој се однесува на бучавата, соодветните инспекциски служби постапуваат согласно нивните законски овластувања и веќе се изречени определени прекршочни пријави и казни“, истакна секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески.
Спасески потенцира дека годинава во однос на бучавата и непочитувањето на работното време, станува збор за излолирани случаи на угостителски објекти кон кои се преземаат соодветни мерки и санкции.
„Морам да ве известам дека оваа година сите појави се сведени на изолирани случаи. Имаме неколку субјекти кои го прекршуваат правлното однесување и од тие причини ние превземаме соодветни мерки и активности против нив. Она што сакам да го истакнам и од што сум особено задоволен е дека поголемиот дел од охридските угостители работата онака како што треба и како што се одговоривме на координативните состаноци кои ги имаме со нив. Верувам дека охриѓани веќе ја забележуваат промената која се случува во однос на бучавата“, истакна Спасески.
Секретарот нагласува дека интерес на локалната самоуправа е догодина и изолираните случаи да се сведат на минимум , со цел да се овозможи пријатен престој за гостите и самите охриѓани да можат мирно да спијат. Тој додава дека локалната на угостителите им дава одврзани раце на своите гости да им нудат забава, но од нив бара да им овозможат мир на охриѓани и гостите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град