Станови се градат, но не се купуваат

Во Охрид станови се градат, но никој не ги купува.

 |  Маленкова Татјана  | 
Jonce Trajkoski
Јонче Трајкоски

Драстично намалена продажбата на станови во Охрид во споредба со минатите години. Сопствениците на агенции за недвижности велат дека продажбата им опаднала за дури  70 до 80 %, но дека не ги плаши само тоа што не се продаваат станови, туку тоа што луѓето воопшто не прашуваат за купување на станови. Но, за вака лошата моментална состојба Сопствениците на агенции, вината ја насочуваат во економската криза, но и предимензионираната градба во градот.

„Сите инвеститори преќутно кажуваа дека продваат, но општ е заклучокот дека многу малку станови се продаваат. Неможе да имаме 100 % евиденција, бидејќи секој продава, меѓутоа кај сите инвеститори со кои соработуваме ситуацијата е иста. Со оглед на бројноста zgrada на агенциите и колкав промет обавуваме јас мислам дека барем 70 до 80 % до агенцииве треба да го стават клучот на своите фирми“, вели сопственикот на агенцијата за недвижности „Енхелеја“, Јонче Трајкоски.

Трајкоски тврди дека голем дел од агенциите во Охрид живуркаат, а не живеат. Проблемот според него лежи во бројноста на агенциите, економската ситуација во државава, но и пазарот на црно.  

„Во неколку наврати баравме и од стопанска комора и од владата да се реши законската регулатива, но бијќи ништо не е превземено и сме оставени на цедило, сметаме дека секој човек во Охрид е и продавач. Тоа е трагедијата на една држава. Ние како агенции сме лицето на една држава пред странските инвеститори. Ако ние не сме потковани и спремни, може да замслите што се случува со оние кои изнајмуваат станови по улица за одмор и ги продаваат. Кој стигнал во градов тој продава“, вели Трајкоски.

„Не гледам перспектива доколку нешто драстично не се смени во цела Европа и поготово во Македонија“, додава Трајкоски. Тој пренесувајќи го ставот и на неговите колеги е категоричен дека според моменталната ситуација, сопставнеиците на агенции за недвижности се дојдени до границата на егзистенција, поточно мака мачат да соберат пари, за да ги подмират основните трошоци за да продолжат со работа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top