Приватните станоиздавачи нема да плаќаат индустриска струја

Општинскиот инспекторат постигна договор со ЕВН-Охрид. Оправдани се реакциите на категоризираните станоиздавачи.

 |  Билјана Николоска  | 

Нормални тарифи за категоризираните станоиздавачи. Општинскиот инспекторат од Охрид, на страна на народот. Проблемот кој деновиве настана кај приватните станоиздавачи со ЕВН, заради наплатување на индустриска струја на овие корисници, надминат. Имено, раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски, вели дека неможе туку така да се фрлат во вода нивните тригодишни напори за категоризација на сместувачките капацитети во Охрид. За таа цел постигнат е договор со ЕВН, во интерес на барањата на станоиздавачите, додава Танасоски.


Танасоски рече доколку некој од станоиздавачите по грешка платил индустриска струја, парите ќе му бидат вратени.
Овој потег на инспекторатот ќе влее надеж, дека сепак некој работи во корист за нормален развој на туризмот, гранката од која многу семејства во Охрид заработуваат за живот. Останува индустриската струја да ја плаќаат рестораните, хотелите и останатите поголеми регистрирани туристички капацитети.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top