• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Станоиздавачите денес протестираа изреволтирани од предлог измените на Законот за угостителска дејност

Станоиздавачите денес протестираа изреволтирани од предлог измените на Законот за угостителска дејност

Станоиздавачите денес протестираа пред општинската зграда изреволтирани од предлог измените на Законот за угостителска дејност кои ги предложи ХОТАМ, а со кои не им се дозволува да издаваат станови, соби или апартмани во колективни стамбени згради. На протестот не се најде ниту еден кој ќе излезе пред камера и јавно ќе каже што го мачи. Тие одкога остварија средба со Раководителот на ТЛЕР кој им кажа дека во целост ги подржуваат се разотидоа.

 |  Јаковлева Лионела  | 
protest
протест

Дел од приватните станоиздавачи денес протестираа пред општинската зграда изреволтирани од предлог измените на Законот за угостителска дејност. Меѓу другото со нив се предлага на физичките лица да не им се дозволува  издаваат станови, соби или апартмани во колективни стамбени згради. Образложението на предлагачот на законските измени, ХОТАМ е дека на овој начин ќе се намали сивата економија кај лицата кои вршат туристичка дејност. Станоиздавачите бурно реагираа на овие забелешки со образложение дека тие се регистрирани и легално ја вршат оваа дејност а при тоа ги подмируваат сите давачки и кон локалната и кон државата. Тие бараа средба со градоначалникот Никола Бакрачески со цел да му се пожалат за овај проблем.протест Граѓаните во холотт на општинската зграда ги пречека секретарот на општината Димитар Спасески и ги преупати на раководителот на ТЛЕР, Ѓоко Апостолов со кого станоиздавачите имаа една поопсежна средба. Апостолов по средбата која се одржа зад затворени врати за медиумите изјави дека во целост ги подржуваат станоиздавачите.

-По нашите консултации и со градоначалникот и со стручните служби во Локалната самоуправа дојдовме дозалкучок дека  причините поради кои се поднесени овие предлог измени на Законот за угостителска дејност се сосема неосновани, вели Ѓоко Апостолов, раководителот на ТЛЕР.protesti

Во Охрид имаме 430 регистрирани станоиздавачи  или околу 1200 легла, објаснува Апостолов. Најголемиот дел од нив ги подмируваат сите обврски па така да нема логично објаснување како би се поттикнала сивата економија.

Од состанокот кој го имавме денес заклучивме дека доколку се реализира овој предлог многу станоиздавачи и понатаму ќе се занимаваат со угостителска дејност, но нелегално. Всушност така ќе се поттикне сивата економија. Од една страна станоиздавачите ќе останат без средства за егзистенција, а општината без средствата кои влегуваат во буџетот по овој основ, вели Апостолов.

Во овој предлог документ целосно е нејасно дали станува збор за регистрираните стано издавачи или само за оние кои вршат угостителска дејност надвор од законската процедура, вели Апостолов. Ние како Локална ќе се обратиме до Министерството за економија и ќе бараме дообјаснување на ставките кои се наведени во овој предлог закон. Доколку станува збор само за непријавените станоиздавачи тогаш и ние ќе го подржиме предлогот, но доколку станува збор и за оние кои се регистрирани ние во никој случај нема да го подржиме, додава раководителот на ТЛЕР.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top