Станкоски:„Владата многу ветуваше, но ништо не направи“

Станкоски кандидатот за советник од „Сојуз за иднината“, денеска зборуваше за се она како што кажа владата го има ветено, но не и остварено за Охрид.

 |  Маленкова Татјана  | 
sojuz za idninata
сојуз за иднината

„ДПМНЕ за оваа изборна кампања, за овие локални избори го избра најнесреќниот и најироничниот слоган. Им порачуваат на граѓаните да изберат дела“, истакна кандидатот за советник Јоне Станкоски.  Тој јавно запраша кои дела ги направила владата  за Охрид, за да можат граѓаните да изберат. При тоа Станковски посебно се осфрна на најавите за изградба на спортската инфраструктура. „Ветија изградба на фудбалски игралиша во Косел и Лескоец. Ветија изградба на спортски сали во училиштата ЕМУЦ Св. Наум Охридски, угостителското училиште Ванчо Питошески и ОУ Христо Узунов, но до денес не видовме ниту една цигла од нив“, рече Станкоски.

„На скапите реклами кои ги пласираат во јавноста, на некакви си 3Д презентации претставуваат затворен Jone Stankoski базен кој ќе го изграделе доколку ја добиеле локалната власт. Прво, земјиштето на кое е претставен затворениот базен токму тие, владата на ДПМНЕ го приватизираше за едно евро по метар квадратен. Второ, до кога ќе ги лажат граѓаните на Охрид со затворениот базен?! Уште ли затворениот базен ќе им биде главно предизборно ветување?! Ќе потсетиме дека директорот на Агенцијата за млади и спорт на 14 јануари минатата година во Охрид изјави дека во септември ќе започне изградбата на затворениот базен и сакаме, денес, да го прашаме до каде се со изградбата. Уште колку остана?!“, истакна кандидат за советник ВМРО НП, Јоне Станкоски.

Станкоски додаде дека граѓаните на Охрид ќе гласаат за дела, но за вистински дела. Тој потенцираше дека граѓаните на Охрид ќе гласаат за помошта на Ракометниот клуб Охрид 2011 без која не би живеел клубот, потоа за помошта на кошаркарите, на атлетичарите, на хокеарите, на фудбалерите, на боксерите, на сите спортски клубови. Потенцираше дека доколку„Сојузот за иднината“ ја добие довербата на граѓаните, тогаш на сите спортски клубови, како и до сега, така и понатаму ќе им биде обезбеден бесплатен превоз и бесплатно користење на спортските терени. Повторно најдобрите спортисти ќе бидат стипендирани, рече Станкоски.

„Често можеме да забележиме на рекламните спотови на ДПМНЕ дека гласот даден за Љубчо Георгиевски е глас за Бранко Црвенсковски. Бараме одговор дирекно од кандидатот за градоначалник Никола Бакрачески кој го постави за директор на болницата? Дали во 2006 година тој беше член на СДСМ и дали Бранко Црвенковски беше негов лидер?! Исто така, бараме сите кандидати од кандидатската листа за советници на ДПМНЕ да кажат од кога се членови на таа партија“, рече Станкоски.

Станкоски рече дека гласот за Сојузот за иднината е глас за Македонија, за спас на Македонија. Тој додаде дека за среќа на охриѓани, во Охрид повторно градоначалник ќе е Александар Петрески со мнозинство во Советот на Сојузот за иднината. Охрид успешно ќе продолжи да се развива, а за неколку месеци и без кочење од централната власт откако на предвремените парламентарни избори ќе го симнеме овој режим, истакна Јоне Станкоски, кандидат за советник Сојузот за иднината.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top