Станари од зградите во населбата „Бејбунар“ повторно на протест

Бараат од надлежните да не дозволат градење на нова станбена зграда затоа што со тоа ќе им се намалел квалитетот на живеење во населбата. Овој проблем со години го актуелизираат во јавноста и поднесуваат поднесоци пред судовите.

 |   | 

Станари од зградите во населбата „Бејбунар“ денеска повторно излегоа на мирен протест против изградбата на нова станбена зграда. Тие во неколку наврати изминативе години преку мирен протест реагираа дека со новата градба во непосредна близина ќе им се намали квалитетот на живот.

„ Овде се води спор по два основи. Дадена му е градежна дозвола меѓутоа од друга страна имотно правните односи сеуште не се разрешени. Ние фактички немаме приод до нашите станови. Треба да летаме , како да висат нашите станови. Дирекно ни ги затвора прозорите, терасите.  Земјиштето долу едно време беше блато , сега се претпоставува дека не е стабилно и со самото градење може да дојде до нарушување на зградата . “ – вели Методија Наумовски, жител на Бејбунар.

Скоро 7 години овој проблем е актуелен во јавноста и е предмет на судски процеси. Поради сите жалбени дејствија на жителите инвеститорот поради неможност да отпочне со градба претрпел штета која сега станарите треба да ја платат.

„Ние сега дури добивме некое писмо каде што ни бараат 200 000 евра во противвредност да платиме некаква оштета . Фактички ние сме тука оштетени. Ни опаѓа вредноста на становите, се загрозува општото живеење, се уништува зеленилото “ – кажува  Наумовски.  
Незадоволни од институциите во земјава станарите на комплексот кој опфаќа неколку стотини станови најавуваат дека ќе се обратат до меѓународни судски истанци.

Инвеститорот во соопштение до медиумите, пак,  категоричен дека одлуката на Вишиот управен суд е конечна и правосилна и дека околните станари немаат повеќе никаква правна можност да ја попречат градбата.   Додава дека организаторите на протестот за да го спречат издавањето на одобрението за градба, негово поништувањер и поништување на сопственоста на земјиштето во изминатите 7 години поднесле над 20 барања, жалби и тужби и сите им биле одбиени како неосновани. Надоместокот на штета и з изгубена добивка кој инвеститорот ги бара , објаснува дека се регулирани со Законот за градење.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top