Стационарот за бездомни кучиња за да профункционира потребно е да стапи на сила Планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот регион со што ќе престане мораториумот. Тогаш ќе бидат завршени сите административни процедури и потребната документација, уверуваат надлежните.
Започнувањето со работа на стационарот за згрижување на бездомни кучиња тапка во место заради административни процедури.
Проблем е изработката на локална урбанистичката документација, која е стопирана поради воведениот мораториум за издавање дозволи за градба.
Според диркеторот на ЈП „Охридски Комуналец“ Љупчо Грданоски единствено се чека дозволата за отпочнување со работа, која ја издава Агенцијата за ветеринарство за што е потребен документ дека земјиштето е во сопственост на Комуналец.
Останатото е се` подготвено. Набавени се возила, обезбедени вакцини и лекарства, вработени се и потребните лица , избран е и ветеринар и фирма доставувач на храна за кучиња.
Откако ќе стапи на сила Планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот регион, ќе падне мораториумот и ќе се заврши целата документацијата за да може уредно да почне со работа стационарот, уверуваат надлежните.
–„Требаше да изработиме ЛУПД за Мауцкер, но поради мораториумот таа постапка е стопирана“, вели Герогиески.
–„Го решаваме тој простор со решавање на локална планска урбанистичка документација за тој комплекс меѓутоа поради мораториумот. Тоа е во завршна фаза но кога ќе заврши мораториумот таа се доставува до општината на усвојување и ќе биде ставен во функција“, вели Бранко Арнаудов раководител на Секторот за урбанизам.
Во меѓувреме проблемот со кучињата скитници не стивнува. Постојано се регистрираат нови напади на кучиња врз туристи, охриѓани, малолетници и возрасни. Охрид и регионот се преплавени со кучиња скитници. Граѓаните се жалат на глутниците, кои ги има речиси насекаде низ градот.
Велат не се чуствуваат безбедни, бидејќи се случува кучињата да манифестираат агресивност.
Особеноо загрижува присуството на кучиња од големите раси, од нивниот лаеж и трчање низ градските улици секојдневно стравуваат жителите, но и бројните туристи.
На кучињата скитници реагираат и туристичките работници. Ова лето од куче беше нападнат и еден туристички водич, додека ги носеше на разглед своите гости. Евидентирани се и неколку напади на странски и домашни туристи.
–„Бројот на кучињата скитници е се` поголем и претставува црна дамка на главниот туристички центар“, велат туристичките водичи за ТВМ телевизија.
Проблемот со кучињата се провлекува со години, но конечно на повидок е негово решавање.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град