Среќен 8-ми март!

Вработени или не, рамноправни или помалку рамноправни, успешни или помалку успешни. Сепак денес е нивен ден, денот на жената.

 |  Голабовски Крсте  | 
dete
дете

Доколку завршивте со честитање и размена на подароци со колешките и пријателките, да видиме што мајка статистистика вели, за тоа каде ни е жената во општеството. Тешко може да се зборува за нерамноправност помеѓу мажите и жените, зошто од вкупниот број на жители во нашава ни државичка, половината се жени. За тоа колку пак припадничките на понежниот пол од нашиов град се чувствуваат рамноправни, тие со поделено мислење. Едни мислат дека се подобри од мажите, други дека сеуште се нерамноправни и приватно и професионално. Во духот на рамноправноста ги запрашавме и мажите. Тие пак со сопствено видување за тоа колку жените се или треба да бидат, рамноправни.

Е сега во нашиов град помалку од една третина од советот на Општина Охрид, го чинат жени, ги има на број шест. Останатите 17 советници, се мажи.  Сега за сега, за разлика од Струга, од каде имаме една пратеничка, ниту една охриѓанка не стигна до Собранието на Македонија.
Во Охрид поголеми се шансите да се вработите, доколку сте жена.  Но, тоа не значи дека ќе седнете во фотеља на некоја раководна функција.

zenaТака од раководните функции во админиситацијата, нашата општина може да се пофали само со две раководителки. И тоа, Оддленијата за даноци и поддршка на совет, ги управуваат припаднички на понежниот пол. До високите функции не стигнуваат тешко само охриѓанките, само три проценти од вработените жени во Македонија се работодавци.

Што не значи дека не се образовани, напротив. Фактите говорат дека во Македонија жените, сепак се пообразовани од мажите. Повеќе магистри и повеќе доктори на науки се жени. Омилени им се општествените науки, а најголем број од нив својата професија ја вршат во образовната дејност.

Омилен им е Фејсбук, но во однос на користењето компјутер и интернет за попродуктивни намени, сепак мажите се подобри.

Научна вистина е дека жените живеат 4 години подолго од мажите. Очекуваното траење на животот кај нив е седумдесеттина години, додека на мажите 4 години помалку. Затоа, на сите жени, среќен ви празник и чувајте си ги мажите, за да ви потраат.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top