Се средуваат градските гробишта во Охрид

Во пресрет на големиот христијански празник Воскреснувањето господово – Велигден, Јавното претпријатие „Градски гробишта“,  ги привршува активностите за средување на гробиштата.

 |  Голабовски Крсте  | 
grobista
гробишта

Во пресрет на големиот христијански празник Воскреснувањето господово – Велигден, Јавното претпријатие „Градски гробишта“,  ги привршува активностите за средување на гробиштата.

grobistaДеновиве беа зголемени активности на претпријатието кои опфаќаат одржување на јавната чистота, метење на улиците и патеките низ гробиштата, партерно и хортикултурно доуредување на одделни делови, метење и собирање отпад околу секое гробно место.

Извршено е комплетно прскање со хербицид на оние места каде не се предвидени зелени површини. Засадени се 2 000 садници сезонско цвеќе, 300 садници зимзелени дрвца, извршено е ѓубрење на засадените површини со околу 15 м3 природно ѓубриво и поставени се нови 20 пластични  канти за отпадоци.

ЈП “Градски гробишта“ ги замолува сите граѓани од христијанска вероисповед кои за време на Велигденските празници масовно ги посетуваат градските гробишта во Охрид, како и до сега, да се придржуваат на воспоставениот  ред и мир. Воедно од претпријатието  на сите  граѓани од христијанска вероисповед им ги честитаат Велигденските празници.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top