Здружението на граѓани ПРОАКТИВА од Скопје во соработка со Општина Дебарца во јануари 2014 година започнаа со реализација на проектот „Енергетски ефикасна општина – 4. дел“.
Здружението на граѓани ПРОАКТИВА од Скопје во соработка со Општина Дебарца во јануари 2014 година започнаа со реализација на проектот „Енергетски ефикасна општина – 4. дел“.
Главната цел на проектот е преземање на енергетско-ефикасни мерки со цел намалување на загадувањето на животната средина со стакленичкиот гас СО2, а конкретни цели се:
Намалување на емисијата на јаглерод двооксид од јавните објекти во Општината Дебарца.
Намалување на трошоците за енергија во јавните објекти во Општината Дебарца.
Теоретска и практична обука на локалното население за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.
Периодот на реализација е 15 месеци, додека вкупниот буџет изнесува 54.459 САД$ од кои 24.574 САД$ се обезбедени од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), а останатите се учество на Општина Дебарца и ЗГ Проактива.
Се очекува заштеда од околу 17 тони СО2/ година и соодветна заштеда од 120.000 МКД/ година кои ќе бидат инвестирани во следни локални еколошки проекти.
Предвидените енергетско-ефикасни мерки ќе опфатат промена на прозорците и вратите, како и замена на постојното осветлување со енергетско-ефикасно осветлување во објектот на ПОУ Дебарца – с. Требеништа и општинската зграда во с. Белчишта. Покрај тоа, во Општина Дебарца ќе се одржат и теоретски и практични работилници и ќе се диструбуираат едукативни материјали.
ЗГ Проактива започна со реализација на програмата „Енергетски ефикасна општина“ во 2006 година, а досега успешно беа спроведени проекти во општините Јегуновце, Шуто Оризари и Центар.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град