„Средновековен“ Охрид

И покрај мегаломанските најави од Локалната дека конечно ќе стават ред во поставувањето на урбаната опрема,  денес на кејот никнаа замоците за игра.

 |  Крсте Голабовски  | 
zamok za igra
замок за игра

zamok za igraИ покрај мегаломанските најави од Локалната дека конечно ќе стават ред во поставувањето на урбаната опрема,  денес на кејот никнаа замоците за игра.

Граѓаните револтирани. Сметаат дека кејот треба да биде место за одмор на душата и телото, а не место за парада на шунд и кич.

Ќе биде потребно многу повеќе од донесување на  Годишна програма, за да се реши проблемот со поставувањето на урбаната опрема. И покрај добрата намера на Локалната да стави крај на панаѓурскиот туризам и окупацијата од подвижни и неподвижни тезги и игротеки, денес ништо не е променето. Тезгите се на истото место, а никнаа и замоците за игра. Половина од кејот пред хотелот „Палас“ узурпиран од овие подвижни игротеки. Охриѓани не се согласуваат со изборот на локацијата.

И покрај тоа што ЈКП „Охридски Комуналец“ изминатиов период интензивно работеше на средување на парковите во овој дел од градот, тешко дека било кој од туристите ќе може да примети што се е сработено.  Останува фактот дека иако сега советниците имаат рамка во која ќе може да дејствуваат, мора да постои соработка меѓу сите релевантни фактори. И инспекциските служби и полицијата мора координирано и навремено да дејствуваат со цел успешна реализација на оваа програма, доколку без дозовола е поставен овој објект. Но, доколку службите при Локалната дали амин за поставување на замокот, никој и ништо не може да го спаси Охрид од панаѓурски изглед и оваа сезона.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top