Средношколските екскурзии актуелни

 Во некои училишта екскурзии се организираат по втор пат во оваа учебна година, во некои прв пат, а во некои нема екскурзии

 |  Јаковлева Лионела  | 
naum rilkoski
наум рилкоски

Средношколците од Свети Климент Охридски во една учебна година дватпати на екскурзија. Оваа информацја малку ја збуни јавноста, па директорот Наум Рилкоски објаснува за што станува збор. Тој вели дека нема два пати да се оди на екскурзија затоа што есента таа била реализирана со учениците од трета година, а пролетва таа ќе се реализира со учениците од втора година. Ова било одлучено поради тоа што во трета година се мешаат паралелките и поради тоа што во втора година децата се подисциплинирани. Ова нема да биде исклучок туку од наредната учебна година ќе стане пракса. Овојпат екскурзијата ќе се реализира од 23 до 28 април и тоа на релација Будимпешта, Прага, Карлови вари и Виена. Во неа се вклучени три ноќевања со три полупансиони, а ќе чини 13 900денари. Директорот вели дека постапката за избор на агенција која ќе ја организира екскурзијата била јавна и отворена. Тој потенцира дека после сугестиите дадени од страна на родителите и неговото ветување дадено во една емисија на Телевизија ТВМ доставиле барања за понуди до сите агенции во градов. Само од две од нив добиле понуди и тоа од агенциите „Арка“ и „Виспој“. Ја избрале понудата од „Виспој“ затоа што ги исполнувала сите критериуми на комисијата и на училиштето. Во законскиот рок од девет дена немало ниту една жалба и поплака за изборот на агенцијата како што било случај при организацијата на есенската екскурзија, вели директорот на овој средношколски образовен центар. Рилкоски објаснува дека цената овојпат е за околу 500 денари пониска од претходните екскурзии, а тоа се должи на пониската понуда од хотелите бидејќи април е месец  кога нема голем интерес за посети. Директорот вели дека за превозник е одбран АД „Галеб Охрид“ и гарантира максимална безбедност на децата.

На екскурзија ќе одат и средношколците од Елктромашинскиот училишен центар Свети „Наум Охридски“. Тие ќе патуваат на 5 јуни со Туристичката агенција „Арка“ и тоа за Будва. Екскурзијата ќе трае три дена, а чини 8100 ден. Бошко Силјаноски, директор на ЕМУЦ вели дека оваа тура е реbosko siljanoskiлативно евтина во споредба со останатите средни училишта и тоа не само во градов туку и во државава. Силјаноски вели дека кај нив претежно учат деца од работнички семејства кои имаат помали примања па затоа се барала некоја поевтина понуда. Директорот на ЕМУЦ кажува дека има заинтересираност кај децата за ваквите екскурзии. Околу 70 проценти од нив ќе патуваат и тоа со согласност од нивните родители. Тој објаснува дека сите одлуки околу организацијата на ваквите екскурзии се носат согласно правилникот донесен од Училишниот одбор и одлуките на Советот на родители. Во овој средношколски образовен центар пракса е екскурзиите да се организираат во трета година и тоа на пролет.

Во општинското средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ пак екскурзии од ваков вид не се организираат.

Како и да е едно е сигурно, задоволството е на учениците, маката на родителите. Само тие знаат како екскурзиите се одразуваат врз семејниот буџет.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top