Средношколците од угостителско во посета на Барселона

Средношколците од угостителскот училиште „Ванчо Питошески“ во рамките на Еразмус плус образовната програма дваесет и еден ден престојуваа во Барселона, во реномираниот хотел Кампаниле. Тие покрај стекнувањето нови практични знаења и вештини, имаа можност да се дружат, да запознаат нови предели и култури.

 |  Николоска Биљана  | 

Традиционалната македонска храна создаде мост на кулинарски култури и пријателства во Шпанија. Тоа беше остварено преку посетата на средношколците од угостителското училиште „Ванчо Питошески“ кои 21 ден беа гости во хотелелот „Кампаниле“ во предградието на Барселона. Посетата на Барселона беше едно огромно позитивно искуство за учениците вели проф. Благоја Јорданоски. Додаде дека учениците од различни образовни профили биле работно ангажирани на разни позиции во хотелот како рецепционери, готвачи, келнери и др. Јорданоски вели дека имале можност да ги увидат сличностите и разликите во однос на струките кои ги примненуваат.

Тие штедат на работната сила. Тоа значи ако на пример кај нас ако еден келнер ги работи само келнерските работи не работи ништо друго, така и рецепционерот и куварот. Таму не беше така. Рецепционерите и келнерите помагаа и во шанк и насекаде каде има потреба имавме впечаток дека таму работите се нерешени не како кај нас чисти работни позиции“.

Импресиите на учениците од убавините на Барселона се големи. Тие сметаат дека ова посета им овозможиле да ги покажат и развијат стекнатите знаења и вештини, професионално да се надградуваат, како тимски да работат, а им дала нови идеи и инспирации.

Беше преубаво за мене, едно големо искуство стекнав нови познанства и јас лично се заљубив во тој град бидејќи е полн со позитивни работи. Благодарение на нашето училиште бевме и го одржавме овој проект и се надевам дека ќе посетиме и некое друго место, и да се запознаеме со нивната култура и специјалитети“

„Вредеше да се оди во Шпанија го научивме нивниот менталитет, јазикот, нивниот начин на послужување. Ова ќе се вметне во нашето си – ви и ќе ни послужи за понтамошната работа во хотели, ресторани и сл.

Реализацијата на овој проект е благодарение на успешната апликација од страна на училиштето„Ванчо Питошески“ од Охрид, во рамките на Еразмус плус – програма на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Во посетата на Барселона беа вклучени и пет професори.
За време на нивниот престој, учениците со пригодни активности презентираа дел од убавините на Македонија и Охрид. По завршувањето на работната пракса во Шпанија, за овој проект на учениците им беа доделени меѓународно признати сертификати.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top