Трите средни општински училишта ќе ги отворат своите врати во вториот уписен рок за оние ученици кои останале не запишани. Во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ има место за упис на петте стручни занимања келнер, готвач, пекар, слаткар и угостителски техничар информира директорот на училиштето Секула Баткоски.
Училиштето располга со ученички дом, модерно опремена кујна и стручни кабинети кои придонесуваат од година на година учениците да стекнуваат се поголеми знаења и вештини по стручните предмети. „Се поголем е бројот на наши ученици кои ја преставуваат земјата и постигнуваат успех на сите меѓународни натпревари и се враќаат со медалји. Тоа е голем показател за она што го научиле, а е наша сатисфакција за вложениот труд, вели Баткоски .
Од мината година во училиштето се воведоа и две нови стручни занимања, слаткар и пекар. Лани немало заинтересирани ученици за изучување на овие две струки кои во светот се ценети и високо платени. Годинава ситуацијата мрднува од мртва точа ама повторно бројот на пријавените ученици е недоволен. Она што го загрижува раководството на училиштето е опаѓањето на запишаните ученици, а го тера на размислување да најде решение за оваа состојба.
„Покрај намалениот наталитет друга причина на која ќе инсистираме е измена и воведување на 4 годишно образование за профилите келнер и готвач. Се надеваме дека наскоро ќе се сменат работите и овие профили ќе можат да го продолжат понатака своето образование.“
Во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ има слободни места за сите пет профили келнер, готвач, пекар, слаткар и угостителски техничар информира директорот на училиштето.
Вториот уписен рок стартува на 18 август.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град