Среде пролет, македонските патишта завеани во снег

Пример регионалниот пат „R 504“ кој минува преку планината Галичица.

 |  Голабовски Крсте  | 
pat galicica
пат галичица

Регионалниот пат „R 504“ преку планината Галичица, кој според минатогодишните најави на работната единица на „Македонија пат“ после долги години требаше да се одржува и во зима, и во средина на пролетта  сеуште непрооден. Во тоа можеа да се уверат и големиот број домашни и странски туристи, кои за време на овој празничен викенд, водени од желбата да уживаат во убавините на Галичица или на двете Езерата, наидоа само на фрустрација.

pat galicicaДо нашата редакција пристигнаа фотографии и реакции од еден наш сограѓанин, револтиран од како што вели тој несериозниот пристап кон патиштата од страна на надлежните институции, во време кога сакаме да развиваме планински или било каков туризам воопшто.
Надлежните со години укажуваа дека овој патен правец во зима се користи многу малку и дека не постои економска оправданост за негово одржување во студените месеци, но почитувани, да се разбереме утре е 1 Мај.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top