Се одржа средба помеѓу министрите за животна средина на РМ и РА

Македонија ќе ги подржи заложбите на република Албанија за ставање на албанскиот дел од Охридското езеро под заштита на УНЕСКО.

 |  Тања Кувенџиска  | 
Nedjat Jakupi
Неџат Јакупи

Македонија ќе ги подржи заложбите на република Албанија за ставање на албанскиот дел од Охридското езеро под заштита на УНЕСКО.

Република Албанија ќе бара од УНЕСКО да го стави под своја заштита и албанскиот дел од Охридското езеро. „ Со тоа, смета албанскиот министер за животна средина“ , Љуфтер Џувели, „ ќе се обезбеди повисоко ниво на заштита и управување со ова природно богатство“ .

„За ваквата иницијатива, албанското министерство за животна средина има целосна подршка од РМ“, рече Министерот за животна средина на РМ, д- р неџати Јакупи- министер за животна средина на РМ.

Lufter DjuveliОва беше една од темите на кои разговараа двајцата министри за животна средина на денес одржаната средба во Охрид.
Меѓу другото, на неа се разговараше и за заштитата на рибниот фонд во езерото. Албанскиот министер истакна дека е задоволен од напорите кои се прават од страна на РА околу заштитата на пастрмката.  На прашањето: што конкрентно до сега е превземено кога на брегот од Охридското езеро од албанска страна на секој чекор се продава свежа пастрмка, албанскиот министер рече дека тоа не било пастрмка уловена во Охридското езеро.

Македонскиот и албанскиот министер за животна средина најавија и преиспитување на постоечкиот договор за испуштање вода од езерото за енергетските потреби на РА. Како што рекоа- наскоро е можно и склучување на нова спогодба.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top