Започна акција за расчистување на СРЦ Билјанини Извори од градежен шут

На расчистениот простор ќе никнат тениски и кошаркарски игралишта.

 |  Маленкова Татјана  | 
sala
сала

Денеска во рамки на редовните активности на локалната самоуправа започна  акција за расчистување на спортскиот центар Билјнини Извори од градежениот шут кој се собирал години наназад.

„Знаете сите дека по реновирањето на атлетската патека голем дел од граежниот шут остана неизнесен и sutго попречуваше нормалното одвивање на активностите на спортскиот центар Билјнини извори. Со цел надминување на таа состојба двете ЈП со меѓусебен договор успеаја да го расчистат овој простор“, вели Димитар Спасески,секретар на општина Охрид.

Посебно за пофална е постапката на нашиот сограѓанин Љупчо Наумоски кој не штедејќи ја мехаизацијата на својата градежна фирма се вклучи во расчиствиањето на шутот, при тоа помагајќи му на Јп Охридски комуналец.

„Еве и јас сакам да се приклучам кон акцијава за средување на спортскиот центар. Тоа го имав зацртано уште зимата. Новата власт еве се покажа, па сакам да помогнам како донација. Пошто и мојот син спортува во спортскава сала тренира кошарка и да ги направиме условиве подобри за другиве спортисти. Редно беше да се почне и со акцијава за средување“. вели Љупчо Наумоски, сопственик на Градежната фирма „Горичко“.

Секретарот пред новинарите обелодени и дел од плановите на локлната за сега веќе расчистениот простор зад ЈП Билјанини извори.  Тој најави дека многу скоро едното кошаркарско игралиште на барање на многу рекреативци ќе биде осветлено така што истото ќе може да се користи во текот на вечерните часови. Спасески кажа дека и предлог од деталниот урбанистички план кој ќе се однесува на Билјанини извори и спортскиот центар е во завршна фаза. Според него согласно тој план Спортскиот центар ќе добие многу нови содржини, многу место за спорт, забава и рекреација и конечно ќе ја оправда улогата за која постои, а на охриѓани ќе им овозможи да ги користат сите благодети кои ќе им ги понуди ЈП.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top