Презентиран македонскиот туристички потенцијал на 32-от Меѓународен саем за туризам во Белград што се одржа од 24-28 февруари. На штандот-Macedonia Timeless беа претставени езерскиот и културниот туризам, и природните реткости.
Презентиран македонскиот туристички потенцијал на 32-от Меѓународен саем за туризам во Белград што се одржа од 24-28 февруари. На штандот-Macedonia Timeless беа претставени езерскиот и културниот туризам, и природните реткости. Штандот на Р.Македонија беше еден од најпосетените, а над 20 000
парчиња промотивен материјал беше поделен на присутните посетители, информира директорот на Агенцијата за поддршка и развој на туризмот, Зоран Стрезоски. Над 50 туристички агенции, хотелиери и сопственици на приватно сместување од Македонија беа присутни на саемот и остварија непосредни контакти со нивни партнери од Србија. Првиот човек на Агенцијата истакна дека српските тур-оператори покажале голем интерс и ја поздравиле мерката субвенционирање на странските туристи.
Покрај српските тур-оператори голем интерес покажале и Словенците. Биле реализирани разговори со еден од најголемите туроператори од Љубљана „Панорамикс-тур“, кој организира тури на јапонски туристи во регионот. Паднала и понуда на туристички саеми во Јапонија да настапуваат заедно Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора и Словенија.
На Саемот се промовирале Македонски ора и игри, а посетителите дегустирале традиционална македонска храна и вино. Се зборувало и за двата јубилеи што ќе се слават во Македонија – 100 години од раѓањето на Мајка Тереза и 1100 години од упокојувањето на Св.Наум Охридски.
Туристичката промоцијата во Белград, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Р.М ја реализира во соработка со општините Струга, Охрид,
Вевчани, Старо Нагоричане и туристичките асоцијации од Македонија.
Следно саемско преставување на Македонија е Берлин што ќе се одржи од 10 до 14 март.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град