Согласно протоколите и мерките за заштита од „КОВИД 19“ и Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година, кој го утврди Министерството за образование и наука, Општина Охрид навремено ги спроведе сите предвидени подготовки за почеток на учебната година, кои се предвидени за наставата со физичко присуство од прво до трето одделение.

Извршена е набавка на средства за дезинфекција, термометри и сите други потребни материјали за здравствена безбедност на учениците и наставниот кадар, а во текот на изминатиот период беше извршена целосна дезинфекција на сите училишни објекти во кои е предвидено да има настава.
Исто така, сите општински училишта во текот на изминатиот период ги презедоа сите потребни активности за поставување на соодветни информации за заштита на учениците, а беше извршено обележување на ходничните простории и подготовка на училниците.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град