Вонредни мерки за регулирање на водостојот на Охридското езеро. Да се заштити крајбрежниот дел е главна заложба на спортските риболовци кои деновиве се се погласни во своите реакции до надлежните. Тие сметаат дека е сосема погрешно со вреќи песок да се спречува излевањето на езерото. Брзото полнење на езерото годинава е евидентно, вели претседателот на СРК „Свети Апостол Петар“ Радован Димитриески. Тој потенцира дека тоа е резултат на зголемениот водостој на подземните извори, но и на површинските води. Струга и коритото на Црн Дрим очигледно тешко можат да се справат со оваа природна појава, додава Димитриески.
„Ние предлагаме под итно да се превземе копање на стариот тек на реката Сатеска и бидејќи таа гравитира на три општини Струга, Охрид и Дебрца, бараме трите општини заедно и Владата веднаш да почнат со тоа бидејќи истата езерото го полни со 30 м во сек,“
Димитриевски вели дека кризните штабови кои наводно делуваат се импровизирани. Според него, се што досега е направено е сосема погрешно.
Езерото си ги знае своите граници. Се што му е одземено од човечки фактор, ќе си го земе назад како во Охрид така и во Струга, вели Димитриески. Додава дека актуелните прелевања и поплави се само предвесник на она што ќе се случува понатаму доколку нешто не се превземе на време.
Димитриески кажа дека во моментов се во потрага по крапот. Него во каналот го нема. Имаат одредени индиции дека се преселил во Албанија, па деновиве ќе одат таму да се уверат дали е тоа навистина е така. Состојбата со рибниот фонд во езерото е загрижувачка, тврди Димитриески. Уште еден доказ за тоа е што во надојдените езерски води може да се забележи само плашицата, а друга риба воопшто нема.
{loadposition content}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град