Охридските пензионери ги одмерија силите со колегите од регионот.
Над 130 пензионери во 11 спортски дисциплини си ги одмерија силите. 17тите по ред регионални спортски пензионерски натпревари ги опфатија здруженијата на пензионери од Охрид и Дебрца, Струга и Вевчани, Дебар и Центар Жупа, Кичево и Македонски брод. Се трчаше на 60 и 80 метри, се фрлаше ѓуле, се тегнеше јаже и уште многу други дисциплини. Фаворити на овој регионален натпревар, се разбира домаќините.
„Во претходните 16, Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца ги освојуваше првите места екипно и се надевам и оваа година тоа ќе се случи бидејќи без скромност сме припремени максимално. Сите освојувачи на натпревари по дисциплини екипно и поединечно се пласираат на републичките спортски натпревари кои што вообичаено се одржуваат во Септември месец секоја година, сеуште домаќин не е одреден годинава, така да ќе почекаме малку околу организаторот и домаќинот оваа година.“-рече Стефан Владимиров-Секретар на Здружението на пензионери Охрид и Дебрца.
Регионалните натпревари се одржаа во спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“, а за отворени ги прогласи градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. По отворањето на игрите, Петрески одржа и средба со претставниците на здруженијата на пензионери.
„На таа средба градоначалникот искажа големи благодарности и се разбира од страна на пензионерите и даде секаква можна подршка или соработка во иднина што секако претставува една голема добит за здружението и еден пример како треба да се соработува со локалната самоуправа односно со градоначалникот на општината не само кај нас туку и на сите други места, а и се разбира ние тоа го очекуваме од него како градоначалник на нашата општина.“-додава Владимиров.
Како гости на овие 17ти регионални спортски натпревари за пензионери беа присутни и здруженијата од Врање-Република Србија, Поградец- Република Албанија, а од домашните, здруженијата од Прилеп и Битола.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град