Спортските објекти пропаѓаат

Објектите во кои требаше да се негува и развива спортот во Охрид и Струга оставени на забот на времето. Едни руинирани до потполна неупотребливост, други недоизградени.

 |  Крсте Голабовски  | 
sportska sala
спортска сала

BAZENОбјектите во кои требаше да се негува и развива спортот во Охрид и Струга оставени на забот на времето. Едни руинирани до потполна неупотребливост, други недоизградени.

Затворениот базен во Струга, објектот во кој некогаш младите од Охрид и Струга ги правеа првите чекори во пливањето, денес е јавен тоалет. Руина во која одмана ништо не се случува со искршени прозорци. Вратите и столчињата и металната конструкција од трибините одамна некој ја однел. Од овој објект произлегоа најдобрите македонски пливачи, стружанецот Михајло Ристовски учесник на Олимписките игри во Пекинг и охриѓанецот Александар Маленко една од пливачките легенди – европски младински првак. Денес овој објект има малку поинаква намена.

И додека Агенцијата за млади и спорт распишуваше конкурси за избор на идејни архитектонско-урбанистички решенија за спортски повеќенаменски сали, никој не се надеваше дека тие објекти вака ќе завршат. Изградбата на спортската сала во Струга, застана на поставувување на нејзината метална конструкција и трибините.Во некои од овие спортски објекти во кои некогаш се негуваше пливањето, се калеше гимнастиката и другите спортови, денес тешко дека ќе можат да ја реализираат улогата која ја имаа порано. Некои од нив најверојатно нема ни да доживеат да го оправдаат своето постоење. Стагнацијата која се случува во спортот, а е резултат на моменталната економска состојба е најголемиот причинител на ваквата состојба.

Oбјаснување и оправдување за вакавата состојба нема. Сепак станува збор за спортот и за благодетите кои тој ги нуди. За ваквата состојба виновникот може да се пронајде во сите нас.
{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top