Основците и средношколците се натпреваруваа во повеќе дисциплини.
„Со спорт против лошите пороци за подобро здравје“, е мотото на Спорските игри кои денеска се одржаа во Охрид. Спортскиот ден ги обедини основците и средношколците од општина Охрид и Дебрца. Децата се натпреваруваа во дисциплините атлестки трки, одбојка, шах и пинг понг.
Спортскиот ден е во организација на сојуз на училиштен спорт и локалната самоуправа. Благодарение на заложбите на овој тим, изминативе три месеци функционираше и училишна лига во мал фудбал во која учествуваа основните и средните училишта за што имаше и голем публицитет во јавноста.
„Денеска имаме мото „Со спорт против лошите пороци за подобро здравје“. Затоа што сепак основната компонента за физичкото образование е здравставениот аспект и денеска сакаме да упатиме апел како локална самоуправа до родителите за своите деца своето слободно време што повеќе да го користат за физичка активност. Само со физичка активност може да имаме здрави деца и здрава младина, кои понатака ќе бидат моторна сила за развојот на земјата и семејството“, вели советникот и подносител и координатор
на проектот, Јоне Санкоски.
Станкоски потенцира дека добро е што локалната подржува вакви проекти, затоа што статистиката покажува дека околу 70 % од децата се со деформитети. Но не само тоа, доколку децата навреме се пренасочат кон спорт, тогаш со сигурност побрзо ќе се искоренат негативните појави. Токму поради овие причините локалната самоуправа застана, но и во иднина ќе подржува вакви проекти, вели раководителот на Одделението за образование, култура, детска здравствена и социјална заштита.
„Во проектот вклучени се сите основни училишта од подрачјето на општина Охрид вклучително и основното училиште од Дебарца и сите средни училишта. Отприлика 400 ученици.
Помасовно е за прв пат годинава, а ние како општина знаете дека програмите ги носиме за спортот и училиштата издвојуваме средства кои значат едно унапредување на младите и како општина сакаме овие иницијативи во целост да ги подржиме бидејќи од овие деца сигурно ќе израснат поголеми спортисти“, вели раководителот на Одделението за образование, култура, детска здравствена и социјална заштита, Серафим Наумоски.
Денешниот ден покажа дека Охрид има многу спортски таленти, а доказ за тоа беа и многуте тренери од охридските клубови кои ги следеа натпреварите и кои очигледно ловеа дечиња кои би сакале да преминав во професионалниот спорт.
За најдобрите денеска локлната обезбеди и симболични награди кои на најдобрите ќе им бидат врачени на 24 мај, Св. Кирил и Методи или денот на просветните работници.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град