Спортски бон-тон и фер плеј традиционални игри во Охрид

Караванот на проектот Спортски бон – тон, денес во Охрид. Овој проект претставува еден вид учење, другарување запознавање меѓу себе но и запознавање на градовите кои ги посетуваат децата, истакна Претседателот Ѓорге Иванов, кој е покровител на настанот.  Организаторите сметаат дека со ваквите настани ќе зачува традицијата и ќе се подобрат односите меѓу генерациите и различните заедници во државата.

 |  Николоска Биљана  | 
sportski bon ton
спортски бон тон

sportski bon tonТегнење јаже, скокње во вреќа, борба за седнување на столче и уште неколку традиционални игри, покажаа децата учесници на манифестација Спортски Бон – Тон која денес се одржа на кејот Македонија во Охрид. Целта на проектот е преку традиционалните спортски игри да се врати значењето на детската игра и меѓусебното дружење. Претседателот Ѓорге Иванов изјави дека децата кои учествуваат во овој проект го согледуваат светот кој е надвор од нивните училници, надвор од компјутерите и новите технологии.

„Од реакциите што ги гледаме кај децата навистина на нив им годи да се потестуваат на игрите на нивните родители на нивните предци и да откриваат во секој град кој го посетуваат које е специфична игра. Тое е еден вид учење другарување запознавање меѓу себе но и запознавање на градовите кои ги посетуваат. Така што овој проект досега покажа многу позитивни резултати и затоа продолжува“ – изјави Иванов.

sportski bon tonПретседателката на охридскиот Совет Гордана Коњаноски рече дека чест е што нашиот град е домаќин на еден проект кој е од огромно значење за младата популација, со што децата ги потсетуваме на вредностите како што се, толеранција, меѓусебно разбирање и почитување и фер релации во сите сфери на животот како што е тоа во спортот.

„Сигурна сум дека искуствата од овој проект ќе бидат добредојдени пред се во наставата по физичко воспитување во образовните институции и воопшто во наставата. Општина Охрид прави постојани напори да ги подобри условите во образовните институции особено во делот на спортот“ – нагласи Коњаноска.

Пратеникот Александар Николовски рече дека тој е дете кој израснал со традиционалните спортски игри.  Тој упати апел до родителите, да ги едуцираат своите деца, да се потсетат на нивното детство и на тој начин да им пренесат како треба новите генерации да се развиваат.

sportski bon ton„Имајќи предвид дека се повеќе од новите генерации остануваат дома пред компјутер пред таблет, а се помалку одат надвор и се социјализираат и би сакал тоа да се промени. Би сакал да му се заблагодарам на претседадателот затоа што ја поддржува оваа иницијатива и оваа акција која што се надевам дека ќе стане традиција“ – вели Николовски

Организаторите очекуваат дека преку проектот Сортски бон-тон ќе зачува традицијата и ќе се подобрат односите меѓу генерациите и различните заедници во државата.

„Се обидуваме на крај или ќе направиме сериозни напори се ова што го гледаме тука да го публикуваме на еден најквалитетен начин да дадеме легенда за сите тие игри традиционални кои се подзаборавени во нашата држава бидејќи според мене традицијата е таа која ќе не одржува во тој глобален свет и ќе не распознава и дели од другите и би биле задоволни ако таа публикација биде дисперзирана по завршувањето на проектот биде дисперзирана во сите општини како едно трајно дело и тоа се да продолжи“.

Покровител на манифестацијата е претседателот на државата, а целиот проект го поддржува и американската амабасада. Караванот на спортски бон-тон ги опфаќа општините Охрид, Св Николе, Ново село, Mаврово-Rостуше и Kарпош. Проектот се реализира трета година по ред.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top