Дисперзирана спортска паралелка за фудбал и ракомет ќе има и оваа учебна година. Првиот уписен рок помина и местата во паралелката за фудбал се речиси пополнети, но има уште слободни места во паралелката за ракомет. Заинтересираните ученици ќе можат да аплицираат на вториот уписен рок.
Дисперзирана спортска паралелка за фудбал и ракомет ќе има и оваа учебна година. Првиот уписен рок помина и местата во паралелката за фудбал се речиси пополнети, но има уште слободни места во паралелката за ракомет. Заинтересираните ученици ќе можат да аплицираат на вториот уписен рок кој ќе се одржи на 1ви јули. Паралелката и понатаму ќе биде сместена во СОУ „ Ванчо Питошески“.
И оваа година продолжува спортската академија. Наставата и понатаму ќе се одвива во просториите на нашето училиште. Ќе има пзралелка за фудбал и ракомет. Кадарот кој предава во угостителското училиште дополнува и во овие паралелки, вели директорот на СОУ „ Ванчо Питошески“, Марјан Радески.
Учениците кои не се од градот ќе бидат сместени во ученичкиот дом. Младите спортисти ќе може да се пријавуваат, да бидат надгледувани и селектирани веќе од идниот месец. Овој проект за отворање на дисперзирани спортски паралелки во средното образование за почна во учебната 2014/2015 година и беше идеја на Министерството за образование и наука, а зелено светло за проектот даде и тогашната Влада во договор со Агенцијата за спорт и млади на Р.М. За потребите на наставниот процес се ставени на располагање двата спортски објекти ЈП “Биљанини Извори” и спортската сала “Тодор Александров” во Велгошти.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град