Под мотото “Спорт за сите, сите за спорт“ утре ќе се одржи првиот отворен спортски ден во Охрид. Граѓаните ќе можат да уживаат во презентацијата на повеќе од 20 спортски дисциплини кои се негуваат во градов, а при тоа и да конзумираат здрава храна.
Под мотото “Спорт за сите, сите за спорт“ утре ќе се одржи првиот отворен спортски ден во Охрид. Граѓаните ќе можат да уживаат во презентацијата на повеќе од 20 спортски дисциплини кои се негуваат во градов, а при тоа и да конзумираат здрава храна.
Спортски хепенинг под мотото “Спорт за сите, сите за спорт“ ќе се одржи утре на терените на СРЦ “Билјанини Извори”. Првиот спортски отворен ден е во организација на ЈП “Билјанини Извори”, Црвен крст-Охрид и Сојузот за училишен спорт- Охрид . Охриѓани утре ќе можат да уживаат во презентацијата на повеќе од 20 спортски дисциплини кои се негуваат во градов како што се фудбал, кошарка, бадминтон, тенис, хокеј на трева. Посетителите ќе можат одблиску да се запознаат со спортските капацитети, но и со работата на спортските клубови.
Ова е можност да се види колку навистина младите охриѓани се заинтересирани за спортот и за спортските активности и колку го практикуваат во својот секојдневен начин на живеење.
Музичарот Ѓоко Танески вели дека како дете не се занимавал со спорт. Од пред две години започнал да тренира тенис со што во голема мера го подобрил својот начин на живот, па им препорачува на сите млади да се занимаваат со спорт.
Посетителите на овој настан ќе имаат можност покрај да спортуваат и да пробаат здрава храна.
Во рамките на оваа манифестација во салата на СРЦ “Билјанини Извори” ќе се одржи и меѓународен кошаркарски турнир со почеток во 11 часот на кој учество ќе земат јуниорските клубови од Охрид и Нови Сад. Ќе настапи и клубот “Амак“ па децата ќе можат да учат како се игра кошарка од професионалци.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град