Спомениците и спомен обележјата кои се неми сведоци на едно минато време, подзаборавени. На нив најчесто се сеќаваме само кога е некој национален празник.
Спомениците и спомен обележјата во градов, а посебно оние кои се наоѓаат во руралните средини оставени на забот на времето, велат историчарите. Овие паметници не се случајно поставени и не се посветени на случајни личности, потенцира кустосот Горан Митрески. Тој како пример го посочи спомен обележјето на македонскиот пролетерски поет, Коста Абраш кое се наоѓа на Сараиште а за кое ретко кој од охриѓаните знае бидејќи местото не е ниту заградено ниту уредено.
Недолично е ваквото однесување кон овие обележја. На дел од нив се сеќаваме само кога е некој национален празник, а на некои никогаш. Ако подобро ја запознаеме историјата на нашата земја сигурно подобро ќе го сватиме и нивното значење, вели Горан Митрески-кустос.
Митрески додава дека треба да се поводи поголема грижа за спомениците од страна на Локалната, но и од некои организации, а пред се најмладите коСе зависи од домашното воспитување и од воспитувањето во училиштата, вели Митрески. Ако и тоа не вроди со плод тогаш треба да се превземат казнени мерки,и најчесто ги демолираат треба да се научат како да се однесуваат кон овие сведоци на минатото.
Се зависи од домашното воспитување и од воспитувањето во училиштата, вели Митрески. Ако и тоа не вроди со плод тогаш треба да се превземат казнени мерки, додава кустосот.
Од Локалната објаснуваат дека ја воочиле лошата состојба со спомениците и спомен обележјата па затоа во изминатите десет дена нивна екипа посетила над 100 места каде истите се поставени и тоа од Св. Наум до Подмоље. Направен е целосен попис каде се наоѓаат, во која состојба се и што преставуваат. Извештајот е изготвен и ќе му биде предаден на Советот на општина Охрид. Откако ќе биде усвоен на седница, во буџетот на општината за 2014та ќе бидат предвидени средства за нивна санација.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град