Уште една иницијатива за подигнување на спомен обележје во Охрид. Идејата е на годинешниот кум на манифестацијата Водици 2012 год, проф.д-р Ванчо Чифлиганец, кој пред се со оваа иницијатива сака да донира за градот и граѓаните, верниците и гостите, а воедно да остане и траен белег во градот каде што се одржува најмасовната прослава на Водици. Димитар Пендо од Здружението за целосна афирмација на МПЦ „Богојавление“, Охрид, рече дека писмото кое што вчера го добиле од Чифлиганец, веќе е испратено до сите релевантни институции кои треба да дадат согласност за реализација на оваа идеја.
Дел од писмото кое годинешниот кум го испратил до Здружението „Богојавление“, го прочита претседателот Љупчо Арнаудов. Воедно тој смета дека иницијативата на Чифлиганец е најголем дар за Охрид и градот тоа го заслужува.
Од Здружението велат дека и годинава успеале да внесат новина за манифестацијата Водици, за што всушност и се залагаат. Од таму потенцираа дека течат подготовките за Водици 2012 и најавија дека, културно уметничката програма на 19 ти јануари ќе биде збогатена со амбасадорот на мирот Борис Трајанов кој ќе одржи 30 минутен концерт. Но големо значење ќе се даде и на денот на рибарите кој се одржува утредента, рече Пендо. За тој ден договорено било да се приготват 2 тона рибја чорба за што веќе бил обезбеден и казанот од Прилеп.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град