Првиот вработен продавач во Струга, Игор , деновиве го продава списанието заедно со индивидуални спортисти и струшките ракометари. Колпортери на списанието се лица од најранливите групи во општеството. Половина од цената на Лице в лице е за продавачот а половина за активности кои го подобруваат животот на маргинализираните групи.
„Среќен сум што овие денови ќе продавам со спортистите“, вели Игор Шајноски момче со Даунов синдрм. 32 годишниот стружанец, кој со години го продава списанието „Лице в лице“, , деновиве низ струшките улици е заедно со спортистите, одбележувајќи ја на тој начин Неделата на уличните продавачи
Во униформа, заштитна маска и списанија во рака, момчето со Даунов синдром, неуморен и во лето и во зима, е единствениот вработен уличен продавач во земјава.
„ Самиот процес на нашите активности кои ги имаме не само кон спортистите туку правиме една конекција меѓу граѓаните на Струга и Охрид и ги мотивираме да го купат списанието да го поддржат вработувањето на Игор во нашата огранизација и да имаат поголема свесност“, вели Стефан Малески од Порака Нова.
Индивидуални спортисти и струшките ракометари несебично давајќи поддршка на лицата со попреченост, заедно со Игор го продаваат списанието низ струшките улици.
„Мене ми е посебно драго покрај тоа што го знам од струшките улици имам прилика да ја дожиевам неговата енергија и да бидам лично тука во негово присуство. Игорче е познат и Струга и Охрид задоволство е да се биде во контакт со него поддржувајќи го во неговата работа “, вели Мими Стојаноска, спортистка од Струга.
Игор во просек продава околу 5 000 списанија годишно, а со тоа ја обезбедува својата егзистенција
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град