Спектакуларно отворање на „Охридско лето“

Синоќа, Античкиот театар во Охрид, беше во знакот на отварање на 51 то издание на најпрестижниот фестивал „Охридско лето“. Во наредните 40 дена, на сцените на Антички театар, црквата Света Софија, Долни Сарај и Ц.К. „Григор Прличев“, ќе продефилираат познати светски имиња од музичката, драмската и ликовната уметност.

 |  Билјана Николоска  | 
Ohridsko leto-otvoranje
Охридско лето-отворање

Ivanov„Музиката започнува онаму каде што говорот завршува“. Со овие зборови на Де Ла Мартин, покровителот на реномираната светска манифестација „Охридско лето“, претседателот на Р.Македонија, Ѓорге Иванов, го прогласи фестивалот за отворен. Иванов рече дека вистинска чест е да се биде покровител на фестивал кој во континуитет ја промовира врвната европска и светска култура во срцето на древниот Охрид. Додаде, дека од синоќа, сите патишта на сценската, вокалната и музичката уметност водат кон Охрид.

fakelИванов истакна дека годинава неговото задоволство е поголемо, бидејќи отварањето на фестивалот се поклопува со третиот регионален претседателски самит на кој тој е домаќин и според него е потврда на заложбите за споделување соработка и заедништво на патот кон нашата европска иднина.

Во името на уметничката фела, честа да испрати порака до светот, како и да го запали фестивалскиот оган му беше доверена на македонскиот истакнат актер Петар Темелковски. Тој рече „да се биде уметник значи да се биде почитувач на минатото, чинител на сегашноста и сонувач на иднината“. Додаде, дека со своето полувековно постоење, фестивалот „Охридско лето“ израсна во духовна престолнина во светот.

izvedba -Trilogija Romana

„Македонската уметност во своето долго паметење во своето повеќе милениумско суштествување секогаш имала светла точка од која се излачувале спектакуларни знакови во форма на свидетели  за вечноста на времето. Таква светла точка што го означува новото време и ни го предава од година во година од генерација на генерација да го чуваме и надградуваме како доблест како аманет и како одговорност е и овој фестивал“

izvedba -Trilogija Romana

Вистински спектакл на отворањето на фестивалот, беше изведбата на проектот „Трилогија Романа“, по музика на Оторино Респиги, во прекрасна изведба на Македонската филхармонија, под диригентска палка на германецот Андреас С. Вајзер. Специјалниот аудио визуелен перформанс беше во продукција на познатата шпанска компанија „Ла Фура делс Баус“. Отворањето на 51 то издание на фестивалот „Охридско лето“, го следеа претседателот на Албанија и на Црна Гора, Бамир Топи и Филип Вујановиќ, како и многу други истакнати високи претставници од земјава и од странство. Годинава, во првите редови на Антички театар беше и градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, заедно со својата сопруга.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top