Околу пладне од два полициски џипа и едно комбе се истоварија полициски службеници- припадници на специјалните единици.
Дознаваме дека акцијата е спроведена во одделението на УЈП, кое е сместено во општинската зграда.
Портпаролот на УЈП Весна Новаковиќ за ТВМ не сакаше да открие детали за денешната акција, но и не сакаше да одговори на нашето прашање, дали и зошто управата за јавни приходи побарала асистенција од МВР за да влезе во сопствените простории? Исто така, не добивме одговор и на прашањето, дали полициската асистенција била заради носење на документација од еден познат охридски хотел во просториите на УЈП?
„Станува збор за редовна даночна постапка која УЈП ја води кон повеќе правни фирми“, беше кусиот одговор на портпаролот Новаковиќ.
И од МВР не откриваат повеќе детали за присуството на припадниците на специјалните единици пред општинската зграда. Иво Котевски, портпарол на ова министерство, вели цитирам „ Станува збор за редовна полициска акција по барање за асистенција“. При тоа Котевски не сакаше да открие на чие барање е асистенцијата.
Доколку навистина станува збор за редован акција, како што велат портпаролите од УЈП и МВР, зошто се ангажираше специјална единица која на инспекторите на УЈП им помагаше во спроведување на своите работни задачи? Дали присуството на специјалците значи дека некој ги оневозможувал инспекторите да си ја вршат својата работа?
Неодамна бевме сведоци, дека токму нетранспарентноста на овие две институции, беше причина за грдата слика со која Македонија беше претставена во светот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град