„Ние веќе пет години се обидуваме да апелираме на разни начини и на локалната и на централната власт, ние луѓе постоиме, ние сме тука и сите знаат, затоа што кога има ситуација сите се јавуваат, дали имате шанса некако. Имаме ама како? Еве ние тука сме, за 15 минути ќе се мобилизираме, екипата ќе е спремна да излезе на терен, со што? Со патничко моторно возило? Па тогаш правиме комбинации дали возило од граничната полиција, каде да дојде, тогаш се комплицира целиот систем. Затоа вие ако имате систем сето тоа ќе си е на место.“-рече Додевски.
Често се случува да не се знае кој кого е надлежен да повика, дали Центарот за управување со кризи, дали Дирекцијата за заштита и спасување, дали полицијата или армијата, ние се наоѓаме во ситуација кога недела дена експериментираме на кој начин да стигнеме до некој кој што има потреба.“-рече Додевски. Имено Црвениот крст од Охрид беше вклучен во неколку ситуации на спасување како и достава на лекови до семејства заглавени во тешко пристапни терени. Една од овие ситуации беше и доставата на лекови во струшкото село Модрич за која Додевски вели беше импровизирана интервенција. „ Ние се движевме 6 и пол часа дотаму, замислете лицето да беше повредено и да мораше ние на раце да го транспортираме 6 и пол часа, тоа е незамисливо да се направи ниту е безбедно , но не е ефикасно и лекови да се доставуваат со хеликоптер.“-додава тој. Оттука уште еднаш ја потенцираше потребата од поголема организираност при решавањето на вакви и слични ситуации.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град