• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Спасовски: Македонија е подготвена во секој момент соодветно да реагира, доколку мигрантската криза добие на интензитет

Спасовски: Македонија е подготвена во секој момент соодветно да реагира, доколку мигрантската криза добие на интензитет

Македонија е подготвена во секој момент соодветно да реагира, доколку мигрантската криза добие на интензитет, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој денеска во Охрид учествуваше на Генералното собрание на шефовите на полициите од државите на Југоисточна Европа.

 |  Николоска Биљана  | 

Не постојат закани од нов мигрантски бран на „балканска рута“, истакна Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој за време на генералното собрание на шефовите на полициите од државите на ЈИЕ во Охрид порача дека Македонија е подготвена во секој момент соодветно да реагира доколку мигрантската криза добие на интензитет.

Немаме никакви најави кои што можат да не загрижуваат во смисла на енормно згоелмување на бегалци кои што би можеле да бидат на нашата границата. Ние сме подготвени, бидејќи таа мигранска криза може да добие на интензитет во секој момент нашите два прифатни центри Гевгелија и Табановце се подготвени, јужната граница ја чуваме заеднички со полициски службеници од повеќе држави од регионот, веќе сме во завршна фаза на склучување на договор со ФРОНТЕКС

Министерот Спасовски на отварањето на Генералното собрание на Асоцијацијата на шефови на полициски служби на Југоисточна Европа, истакна дека нивните служби работат на постојано зајакнување на заедничката оперативна соработка и побрза и поефикасна размена на информации на билатерално и на мултилатерално ниво во делот на организираниот криминал, кој пак не познава граници и е во постојано движење, а задача на министерството било да обезбеди сигурна и безбедна средина за живеење за нашите граѓани. Според него секоја соработка меѓу државите е чекор напред и начин повеќе да останеме сплотени во заедничката борба против криминалот. Директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски, рече дека ќе работат на што поголемо заживување на Асоцијацијата.

Да воспоставиме еден нов начин на меѓусебна комуникација, нов начин на соработка меѓу дирекотрите со цел да бидеме оперативни и да имаме можност да разменуваме брзи информации а со тоа и да интервенираме првовремено

Шефовите на полициските служби од Југоисточна Европа денес во Охрид разговараа како да ја подобрат борбата против прекуграничниот криминал, тероризмот и насилниот екстрмизам, со цел да се зголеми нивото на безбедност.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top