Коселчани до претставниците на локалната власт најмногу се пожалиле на проблемот со водата за пиење и неасфалтираните улички. Но ја поздравиле идејата за организација на директни средби со граѓаните, кои од сега па во иднина ќе се спроведуваат еднаш месечно во Косел.
Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, во посета на Косел. И покрај тоа што досега во Косел се вложени многу средства за асфалтирање на патишта, сепак мештаните имаат забелешки, вели Спасески. Според него главно тие се однесуваат точно на делот на кој Локалната самоуправа, Охрид во моментов изведува работи во оваа општина.
„Граѓаните генерално имаат барања во однос на подобрување на условите за живот, она што е и наш приоритет како Локална Самоуправа, значи согласно програмата за работа и наша интенција е да создадеме подобри услови за живот на сите граѓани кои што живеат на територијата на општина Охрид. Така што проблемите со водата за пиење и неасфалтираните улички се генерални проблеми кои што провејуваат низ разговорите со граѓаните“– изјави Спасески.
Од сега па натаму еднаш месечно ќе се одржуваат вакви средби со мештаните, со цел да се слушнат нивните секојдневни проблеми со кои се соочуваат во нивното живеење, нагласува Спасески.
„Ние како ЛокалнаСамоуправа сме отворени кон сите наши граѓани да ги сослушаме сите нивни проблеми и наједноставно проблемите се решаваат кога во непосредна комуникација меѓу нас и нив ќе ги најдеме соодветните решенија“– потенцира секретарот.
Според Спасески, денес покрај проблемите со кои се соочуваат, слушнале и сугестии и пофалби од коселчани. Генерален впечаток е дека средбите од ваков карактер се поздравени од мештаните.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град