Sparrow-охридска игра за Windows 8 и Windows телефон

Рахим Исламоски, Ертај Шашко и Абдула Алиоски е дрим тимот од студенти кои стигнаа до самиот врв на Ваузап настанот на гигантот Мајкрософт.

 |  Мишел Наумоски  | 
sparrow
спeроу

Sparrow е името на новата игра за Windows 8 оперативниот систем и Windows паметниот телефон на гигантот Мајкрософт. Зошто е ова значајно за нас? Затоа што нејзини креатори се тројца млади студенти од Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ од Охрид. 

igra za Windows 8Рахим Исламоски, Ертај Шашко и Абдула Алиоски, оваа интересна апликација ја програмираа за само 48 часа на огромниот Wowzapp настан организиран токму од Мајкрософт. Таму, на таканаречениот „хакатон“ или маратон во програмирање, охридскиот универзитет настапи со 4 тима.

„Овој настан е прифатен од Гинисовите рекорди како хакатон со најголем број на учесници. Имаше околу 16.000 студенти кои програмираа едно нешто за платформите на Мајкрософт, собрани во една просторија.“-вели Ертај Шашко, студент на универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ од Охрид.

Играта тие паралелно ја програмирале за две платформи, и за Windows 8 оперативниот систем и за паметниот телефон на Windows. Еве зошто се одлучиле да развијат токму ваква апликација.

prototip Sparrow„Се одлучивме да развиваме игра наместо обична апликација за Windows 8 и Windows телефонот затоа што ние веќе една година се занимаваме поактивно со развивање на игри, затоа што сметаме дека е поинтересно, позаразно, и дека со играта би постигнале поголем ефект, полесно отколку со обична апликација.“-рече Рахим Исламоски, студент од „Свети Апостол Павле“.

Windows 8 оперативниот систем го одбрале како платформа затоа што тоа е најновиот оперативен систем на Мајкрософт за десктоп и таблет компјутери и дека сеуште има недостиг на луѓе кои работат на развивање на апликации за овој оперативен систем, особено за таблет верзијата. Инаку покрај овие тројца студенти кои стигнаа до првото место, уште еден тим од универзитетот Свети Апостол Павле успеа да го освои второто место.

Играта Sparrow засега е сеуште прототип, но по неопходните тестирања се очекува кон крајот на месец Февруари и да биде достапна за корисниците преку online продавниците Windows Store и Windows phone store. Тие не запираат тука, велат дека ќе продолжат со креирањето на игри, а по завршувањето на студиите планираат и да основаат стартап компанија како би продолжиле во овој бизнис.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top