• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Советот за безбедност во сообраќајот на град Охрид е меѓу најактивните и најуспешните

Советот за безбедност во сообраќајот на град Охрид е меѓу најактивните и најуспешните

Ова, на претседателот на охридскиот совет за безбедност м-р Стефан Димоски му го кажа претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Стојче Стаменковски.

 |  Голабовски Крсте  | 
strategija

Ова, на претседателот на охридскиот совет за безбедност м-р Стефан Димоски му го кажа претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Стојче Стаменковски.

Тој, заедно со други претставници на Републичкиот совет, викендов го посети општинскиот совет во Охрид и имаше работна средба со претседателот Димоски и членот на советот м-р Флорентина Стерјовска. Тие информираа за досегашната работа на општинскиот совет, за реализираните проекти од јуни кога се оформи советот во нов состав се до септември годинава.

sovetНа работниот состанок, меѓу другите теми беше втората национална стратегија на Република Македонија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 2015-2020 година која има за цел бројот на жртвите во сообраќајните незгоди до 2020 година да се намали до просекот на жртви во државите членки на Европската Унија. Стратегијата како стратешки документ, на предлог на Владата ја донесе Собранието на Република Македонија на 30-ти декември 2014 година.  

Претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Стојче Стаменковски предложи, општинскиот совет-Охрид како исклучително успешна општинска организација, да започне подготовка на Локална стратегија за унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата во Охрид. Со тоа општина Охрид би била првата општина во Република Македонија што би усвоила ваков документ.
 
Претседателот Димоски, прифаќајќи ја идејата, рече дека локалната стратегија ќе претставува приоритетна стратешка и програмска  определба на општинскиот совет за безбедност во сообраќајот. Додаде дека таа ќе биде цел во работата на советот со чие имплементирање како концепт ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот на локално ниво.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top