Тунтев, Станкоски и Хајба со најголем број излагања, Точко, Здравеска и Петреска без ниту едно излагање во 2013 година.
Тунтев, Станкоски и Хајба со најголем број излагања, Точко, Здравеска и Петреска без ниту едно излагање во 2013 година. Записниците од седниците на Советот со пропусти, согласно стандардите за водење на записник од седници на Совет на Локална самоуправа.
Со цел да придонесе кон зголемена транспарентност, отчетност и добро владеење на локалната самоуправа и подигнување на свеста на граѓаните за работата на Советот на Локалната Самоуправа на Општина Охрид, Младински Совет Охрид, во периодот април-декември 2013 година ја спроведе 5тата фаза од проектот “Стандарди за одржливост на одговорноста, транспарентноста и кооперативноста на локалната самоуправа” што е продолжение на проектните активности за набљудување на работата на Советот кој се спроведува од месец јануари 2011 година.
Во периодот на набљудување, според официјалните записници од одржаните седници на совет, евидентно е дека најголем број излагања на седниците на советот на општина Охрид имал советникот Томислав Тунтев кој има 80 излагања, по него доаѓаат: Јоне Станкоски со 42 излагања и Верица Хајба со 39 излагања.
Без ниту едно едно излагање, согласно официјалните записници, се советниците: Јованка Точко, Јадранка Василевска Здравеска и Славица Петреска. Во овој период усвоени се вкупно 418 предлог одлуки со вкупно 495 точки на дневен ред, а до Градоначалникот поставени биле вкупно 36 советнички прашања но не е поднесена ниту една иницијатива, а прашањата се поставени само на една единствена седница за советнички прашања, иако истите можат да се поставуваат усно и писмено, помеѓу две седници на Совет.
Општа констатација на Младински Совет Охрид во петтиот дел на анализите правени од официјалните записници е дека квалитетот на подготовката на записниците е на исто ниво како и од предходните циклуси, односно со низа недостатоци кои во иднина би требало да се надминат, за да записниците бидат поквалитетни и дека со оваа анализа сакаат да ги поттикнат советниците во наредниот период да бидат поактивни и да покажат подобри резултати.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град