Советничката канцеларија, која треба да работи како сервис на граѓаните, по се изгледа не ја оправдува својата функција.
Советничката канцеларија, во рамките на Општина Охрид е место каде што може да се разменат разговори и идеи со граѓаните. Секоја советничка група, односно независен советник има еден тремин неделно за средби со жителите на градот. Барање, став, предлог, сугестија или совет, е она што граѓаните го бараат, а советникот би требало да претставува еден вид сервис, кој ако не директно, тогаш барем преку информација да му помогне на граѓанинот, да му укаже или пак да го насочи каде тој да се обрати. Сепак информираноста на граѓаните за постоењето на оваа услуга, на многу незадоволително ниво.
Со самото формирање на советот на Општина Охрид, кординаторите на сите советнички групи, завземаа заеднички став дека треба да се воспостават дежурства, се со цел – полесна комуникација со граѓаните. Своите барања и сугестии од типот: Приклучување на канализација на 8 куќи кај Св. Софија во канализациониот систем, поставување ознаки со имиња на почетокот или крајот на улиците на куќите, унификација на боите и униформите на кајчарите и бродарите, јавни тоалети и др. граѓаните ги доставија до своите избраници. „Издржаните и практични предлози кои би било пожелно да се реализираат, претставуваат предизвик за нас. Кога по завршената работа, граѓаните ќе ме застанат на пат и ќе ми се заблагодарат, тоа ми причинува големо задоволство“, вели Томислав Тунтев – кординатор на советничката група на СДСМ.
Советничката канцеларија која што функционира во име на сите претставници на советничките групи во советот, во рамки на Општина Охрид, им е на располагање на граѓаните секој работен ден. „Сепак истата воопшто на ја исполнува својата функција“, обвинува Дејан Пановски, кој наведува на низа недостатоци кои овој сервис на граѓаните би требало да ги реализира, во насока на задоволување на потребите на граѓаните. „Она што е искуство од овогодинешното работење на советот е дека, барем што е мое лично мислење, дека иститот не им излезе во пресрет на граѓаните, односно да разговара по нивните прашања. Тој домен на работењето на советот не го гледам како успешен, затоа ќе треба многу повеќе да се работи во наредниот период. Користејќи го искуството што го има овој нов совет, да се зајакне тој однос кон граѓаните, и да се реализираат нивните иницијативи. Да се исполни основната функција, зошто сме советници, зошто постои советот, а тоа секако е за да се решаваат проблемите на граѓаните“, е ставот на советникот Пановски од редовите на ВМРО ДПМНЕ.
Останува, граѓаните да се надеваат дека во иднина овој сервис ќе застане на нивна страна, и конечно ќе ги разгледа и реализира нивните барања.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град