• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Советниците ја прифатија информација за изготвениот Интегриран катастар на загадувачи на животната средина на Општина Охрид

Советниците ја прифатија информација за изготвениот Интегриран катастар на загадувачи на животната средина на Општина Охрид

На вчерашната седница на Советот на Општина Охрид, последна за оваа година, советниците ја прифатија информација за изготвениот Интегриран катастар на загадувачи на животната средина на општина Охрид.

 |   | 

На вчерашната седница на Советот на Општина Охрид, последна за оваа година, советниците ја прифатија информација за изготвениот Интегриран катастар на загадувачи на животната средина на општина Охрид. Интегрираниот катастар на загадувачи на животната средина претставува динамичен стратешки документ и како таков, заедно со законската регулатива во оваа област претставува инструмент за одржливо управување со квалитетот на животната средина.

Иницијален чекор во процесот на интегрирано управување со животната средина претставува обезбедување на сознанија за емисиите во медиумите на животната средина: воздух, вода и почва и истите да се систематизираат преку изработка на Катастар на животната средина кој претставува основа за следење на индикаторите за квалитетот на воздухот, водите и почвата.

Исто така Катастарот на животната средина претставува референтна точка при спроведувањето на анализа на ефектите од превземените мерки за подобрување на квалитетот на животната средина.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top