Доцнат исплатите на паушалите за советниците. Извор за ТВМ обвинува дека додека локалците покрај платата, пред Нова Година си поделиле и К 15, за разлика од советниците, кои останаа без паушалите за сработеното. Досега два, за некој ден и три паушали, треба да им бидат исплатени на охридските избраници.
Кординаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, проблемот не го гледа само во неисплаќањето на надместокот за сработеното, туку и како што вели, во слабите проценки на локалната за приходите и расходите.
„ Исплатата поточно неисплатата на паушалите не е проблем на, или за советниците. Проблем во најголем дел е што покажува системска гршека во работењето на локалната. Има проблем во функционирањето на локалната затоа што најверојатно тоа се должи на слабите проценки околу неискористеноста на буџетот на приходните и расходните страни како слабите проценки околу влијанијата на намалување на долгови односно нивна ислата, а тоа предизвикува проблеми во функционирањето на локалната“, истакнува координатор на советничка група на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Паноски.
Паноски додава дека локалната има слаби капацитети за управување со ресурси и дека при тоа воопшто не се води сметка за превработеноста што ја оптоварува админитрацијата и оневозможува да се исплатат редовните примања внатре во општинската администрација.
Спротивно на овие обвинувања, секретарот на локалната Димитрија Вревезовски, во ова не гледа проблем. Неговите најави се оптимистички.
„Точно е дека доцниме со исплатата, за декември и јануари, но за скоро време ќе исплатиме се“, вели секретарот на локалната самоуправа Димитрија Вревезовски.
Во денешно време нуту една сума не е за занемарување, посебно ако е тоа сработено. Секако, право на забелешка имаат и советниците кои нормално е да се грижат и за себе и своите примања, покрај тоа што главна задача имаат да се борат за интересите на граѓаните.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град